Народниот театар Охрид вечерва (9 јуни) премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Настапуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска. Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари.
Текстот, како што информира режисерката Николовска, првпат се поставува во државата и станува збор за многу популарен современ драмски текст.
Претставата „Сергеј е многу глупав“ е втора премиера на Охридскиот народен театар годинава поддржана преку програмата на Министерството за култура. Ќе биде одиграна и во рамки на фестивалот „Охридско лето“.