Во Охрид ќе се одржи омаж посветен на Ванчо Николески

од admin_kult

Во пресрет на 111 годишнината од раѓањето на големиот македонски писател, раскажувач и поет Ванчо Николески (1912-1980), во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид денеска (9 јуни) во 12 часот ќе се одржи Омаж посветен на неговиот живот и творечки пат.

Како што информира Охридската библиотека, на настанот ќе присуствуваат ученици од основно училиште, но тој е отворен за сите почитувачи на литературата кои со своето присуство ќе му оддадат почит на Николески.

Николески припаѓа на првата генерација македонски писатели за деца.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе