Националниот џез-оркестар својот прв концерт ќе го одржи на 23 јануари во просториите на Националната опера и балет.
Како што соопштија од Националниот џез-оркестар, овој концерт ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез-автори од повеќе генерации и со него свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.
– За месеците што следуваат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез-музиката, но вклучува и изведби на џез-класици од домашната, регионалната и од светската џез-сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња. Билетите може да се набават онлајн – се вели во соопштението на Националниот џез-оркестар.