Македонскиот народен театар соопшти за смртта на реномираниот актер, режисер и основач и главен двигател на „ПАНФИЗ“, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар.
Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 година. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 година, до големиот број на одиграни улоги.
Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима, на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. Дел е и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 година, а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 година.
Комеморацијата на која семејството, блиските пријатели, колеги и познаници ќе му оддадат почит, ќе се оддржи во вторник на 6 јуни во Македонскиот народен театар во 12:00 часот.