Почина реномираната поетеса и преведувачка, Линдита Ахмети

од admin_kult

Почина реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик, Линдита Ахмети. Родена во 1973 во Призрен, Ахмети се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и живееше.

Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други.

На македонски јазик се издадени збирките песни: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“.  Нејзините дела беа преведени и на бугарски и на полски јазик. Добитничка е на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе