На денот на одбележувањето на 101 година од раѓањето на великанот на современиот македонски јазик и култура, Блаже Конески, претставници од Советот за македонски јазик – професорите Људмил Спасов и Елена Јованова-Грујовска – положија цвеќе пред спомен-плочата во паркот кај Институтот за македонски јазик и литература „Крсте Мисирков“ и на споменикот на Конески пред МАНУ.
Кодификаторот на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески, во аманет ни порача да го чуваме и да го негуваме македонскиот јазик, да продолжиме да говориме и да пишуваме на македонски јазик затоа што тој е нашата татковина.