Утре (2 ноември) во Клубот на пратениците со почеток во 10 часот, министерката за култура Бисера Костиновска -Стојчевска ќе одржи брифинг за медиумите.
Ги покануваме главните уредници на медиумите и соработници кои известуваат за теми од областа на културата.
На брифингот ќе стане збор за Годишните конкурси од областа на културата кои траат до 6 ноември, како и за други актуелни теми од културата.
Напоменуваме дека е предвидено брифингот да се одвива без фотографирање и без камери (off record).
Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следнава е-адреса: info@kultura.gov.mk.