Во чест на 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески, синоќа на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга се одржа поетско читање. Интерпретацијата, под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“, беше во изведба на актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери.
Настанот беше дел од прославата на Владата на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 30 години од независноста.