Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на УНЕСКО за поднесување апликации за Глобалната мрежа на олеснувачи (фасилитатори) за поддршка на имплементацијата на програмата за градење капацитети на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство од 2003 година.
Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниот линк: https://ich.unesco.org/en/news/international-call-expansion-of-the-global-network-of-facilitators-of-the-2003-convention-13413, со напомена дека рокот за поднесување на онлајн апликациите е најдоцна до 28 август 2022 година.