Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија за поднесување апликации за учество во работилницата за градење на капацитети во рамките на проектот „Градење на иднина отпорна на климатски промени: развој на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во избрани локалитети на УНЕСКО во Југоисточна Европа“, која ќе се одржи од 17 до 21 октомври 2022 година во Охрид (како дел од „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“, впишан на Листата на УНЕСКО на светско наследство). На повикот може да учествуваат одговорни лица и квалификувани кадри од локалитетите под заштита на УНЕСКО и стручни лица од областа на заштитата на природното и културното наследство, климатските промени, управувањето со ризици од катастрофи и заштита и промоција на биосферните резервати.
Повеќе информации и критериумите за учество се достапни во документот “Call for application“, со напомена дека апликациите се доставуваат онлајн на линкот: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=Uq5PHbM5-kuwswIpVrERlNDJUO6IBipJvsL_mYbG3QxUMkxEOURUNFI4RFE5WjhWNU01WTBXSkI3UC4u, со краен рок за аплицирање најдоцна до 10 септември 2022 година.