„Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски е новата премира во Драмскиот театар во Скопје која ќе биде изведена утре, 28 ноември, со почеток во 20:00 часот. Автор на текстот е Фернандо Арабал.
Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујсиќ и Соња Стамблџиоска. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите се на Раде Василев, а изборот на музиката го направи Димитар Андоновски.