Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 15. повик на УНЕСКО за поднесување проекти за финансирање во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2024 година.
Предлог-проектите треба да се достават исклучиво преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 14 јуни 2024 година.
Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање може да се добијат на: https://www.unesco.org/creativity/en/ifcd/apply.