Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во четири викенди во месеците јуни, јули и септември. Досега, проекции се одржаа во Кратово, село Шлегово и во Штип, а следни дестинации на 12. Патувачко кино се Кочани (9 јули) и село Оризари (10 јули). Проекциите ќе почнуваат во 21 часот, бесплатни се и ќе се одржуваат на отворен простор.
Патувачкото кино на „МакеДокс 2021“ е поддржано од Агенцијата за филм, Центарот за развој на Источниот плански регион и од општините каде што гостува (Кратово, Кочани, Штип и Виница).