Врз основа на членовите 1,4,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) 98/19), Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” на седницата одржана на 28.09.2023 година донесе
ОДЛУКА
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на:
– Љупчо Константинов, композитор
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Претседавач на Одборот
за државната награда „11 Октомври”
Синоличка Трпкова