Во НОБ премиера на современ балет од Рисима Рисимкин

од admin_kult

Во Националната опера и балет вечер (6 октомври) во 20 часот премиерно ќе биде прикажан современиот балет „САГА“ (Идентитети). Кореографијата и режијата на делото се на Рисима Рисимкин. Музиката е на Тони Китановски, либретото на Матеа Мијановиќ и Рисима Рисимкин, костимите на Благој Мицевски, а сценографијата на Матеа Мијановиќ. Настапуваат првенците, солистите и ансамблот на Балетот при НУ Национална опера и балет.

„Публиката ќе има можност да ужива во извонредниот настап на првенците, солистите и ансамблот на Националниот балет, кои низ кореографијата на Рисима Рисимкин и магичноста на музиката на Тони Китановски, ќе патуваат низ волшебниот свет на седмата осмина“, информираат од Националната опера и балет. Оттаму додаваат дека либретото се базира врз народни преданија и современа поезија од македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка“ од великанот Блаже Конески.

Ова дело ќе биде изведено пред публиката и утревечер (7 октомври).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе