Во рамките на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечер во 20:00 часот во Националната опера и балет – Скопје ќе се одржи „Новогодишен концерт“ со светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија.
Квартетот го сочинуваат Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело.
На програмата се дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс.