Културно-едукативниот центар „Небрегово“, по повод 30 години од смртта на Блаже Конески, денеска во 11:00 часот кај споменикот пред МАНУ организира „Отворен час за бесмртниот Конески“.
На настанот ќе учествуваат ученици, студенти, професори и други почитувачи на Блаже Конески.
За ликот и делото на Блаже Конески ќе говорат Весна Мојсова-Чепишевска и Атанас Конески.