Отворена изложбата на „Остен биенале 2024“

од admin_kult

Активностите на „Остен биенале Скопје 2024“, кои се одвиваа во текот на целата измината година, вчеравечер имаа своја завршница во Националната галерија, објект – Чифте амам Скопје, со отворањето на изложбата и доделувањето на наградите и признанијата на уметници и соработници на „Остен“.

На изложбата, која е вовед во одбележувањето 80 години од постоењето на „Остен“ (1945 – 2025), се изложени дела на 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји. Изложените дела се од областа на визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.

Гран при за животно остварување е доделена на италијанскиот уметник и теоретичар Микеланџело Пистолето, наградата „Светско културно наследство“ беше доделена на Вангел Наумовски, еден од најголемите македонски ликовни уметници. Во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелни уметности), доделени се наградите: „Уметник на светот“ на Киро Урдин, „Рембрант“ за извонредност во уметноста на Жан Богосиан од Белгија, „Балкански уметник“ на Данчо Ордев и многу други.

Меѓународното жири додели три први награди: за цртеж, графика, комбинирана техника на хартија на Павол Трубен од Словачка; за слика на платно, инсталација, објекти на K.С. Шриватшан од Индија; за фотографија, видео, мултимедија на Филип Јовески од Македонија.

„Остен“ е основано во 1945 година како хумористично и сатирично списание од областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво. Преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж низ годините биле презентирани уметниците од светот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе