Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.
Солистичката екипа ја сочинуваат Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.