Асоцијацијата на независната културна сцена КСП Центар-Јадро денеска организира онлајн проекција на документарниот филм „Маргина“ и разговор со режисерот на филмот Љупчо Темелковски.
Проекцијата ќе може да се проследи во 18:30 часот на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро. По проекцијата на филмот, ќе има дискусија со режисерот Темелковски на која публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
„Маргина“ го прикажува животот во ромската заедница, давајќи многу интимен увид во реалноста на едно ромско семејство во Македонија, кое постои „на работ“ од европското општество.
Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.