Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ на Националната галерија на Македонија ќе биде отворено в четврток (7 декември) во 19:30 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Второто издание како концепт го осмисли проф. д-р Иван Џепароски. На изложбата ќе бидат поставени 80-ина дела од богатата колекција на Националната галерија и од југословенската и од националната ризница на ремек-дела, меѓу кои и делата на: Иван Мештровиќ, Крстo Хегедушиќ, Мило Милуновиќ, Иван Генералиќ, Весна Соколиќ, Рико Дебењак, Оливера Кангрга, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Боро Митриќески, Томо Владимирски, Димитар Пандилов Аврамовски, Владимир Георгиевски, Петар Мазев, Вана Урошевиќ и многу други.
Изложбата ја организира д-р Ана Франговска.