По повод Денот на канадскиот филм, Амбасадата на Канада и Кинотеката на Северна Македонија денеска, 4 мај, во 20 часот организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс со: Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм.
По две години онлајн презентации, деветтото издание на Денот на канадскиот филм, организирано од „REEL CANADA“, ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји во светот, вклучувајќи ја и нашата земја.