Новата сезона на Драмскиот театар започнува со фестивалот „РУТА“

од admin_kult

Во Драмскиот театар од 3 до 8 октомври ќе се одржи театарскиот фестивал „РУТА“, кој претставува Регионална унија на театри, составена од шесте театарски куќи од регионот: МГЛ Љубљана, Театарот „Улисис“ од Загреб, „Камерен театар 55“ од Сараево, Градскиот театар од Подгорица, Драмскиот театар од Скопје и Београдско драмско позориште.

Фестивалот ќе биде отворен со премиерната изведба на претставата „Фирма“  во продукција на НУ Драмски театар – Скопје, а во режија на Нела Витошевиќ. На 4 октомври ќе се одигра претставата „Декамерон“ на Градско позориште од Подгорица, Црна Гора, во режија на Дејан Пројковски; ден потоа претставата „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, Словенија, во режија на Нела Витошевиќ; на 6 октомври „Син“ на „Камерен театар 55“ од Сараево, Босна и Херцеговина; па „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште, Србија, во режија на Јагош Марковиќ и за крај на 8 октомври фестивалот ќе биде затворен со претставата „Отело“, во продукција на Театарот „Улисис“ од Хрватска, во режија на Оксана Дмитриева.

Според в.д. директорката на Драмскиот театар, Викторија Рангелова Петровска, претставите ќе започнуваат од 20 часот, а по секоја претстава ќе се организираат тркалезни маси кои ќе бидат отворени за јавноста, на кои публиката ќе има можност да се запознае со актерската екипа, да се поставуваат прашања и да се отвори дискусија за претставата.

Инаку, во текот на една календарска година ќе се одржат шест фестивали во сите земји членки на Унијата. Секој театар може да настапи со претстава по сопствен избор. Фестивалот има ревијален карактер и една од целите е во текот на годината да се задржи континуираното присуство на овие театри пред домашната публика.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе