Во културниот центар „Лабораториум“, од 16 до 23 јануари, од 15 до 19 часот, ќе се одржуваат работилници за креативно пишување под наслов „Неименувана“.
Организаторите информираат дека повикот за учество на работилницата е отворен за млади на возраст од 15 до 19 години, а бројот на учесниците е ограничен.
Петдневната работилница за креативно пишување со млади, „Неименувана“, ќе биде под менторство на „Duma in summa“ – компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. Гостинка на работнилницата ќе биде и менторката од Босна и Херцеговина – Хана Чурак.