Во Вевчани утре, 12 јануари, со отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, започнува традиционалниот „Вевчански карневал“. Тридневниот карневал, покрај дефиле на маскираните василичари, ќе има музичка програма и изложба со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори.
Со настап на Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци на 13 јануари ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар.
Градоначалникот Спасе Кочовски повика на почитување на препораките за заштита од КОВИД-19.