Претставата „Падот на Масада“ во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски, утревечер (17 јануари) во 20 часот ќе биде изведена на сцената на Драмскиот театар. Асистент на режија е Дамјан Димовски, а сценографијата е на Валентин Светозарев, кој ги изработи и костимите. Музиката е на Горан Трајковски. Настапуваат: Александар Степанулески, Јелена Жуѓиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска.
Од Драмскиот театар информираат дека претставата како главна тема го носи прашањето: што е поважно денес – човекот или „големата идеја“?
− Ниедна идеја не родила човек, а живиот човек секогаш раѓал идеи. „Падот на Масада“ ќе биде претстава за дното на човечките души и колку човекот, всушност, може да паѓа, и сето тоа само поради идеалите, притоа борејќи се во баналната тиранија на светот каде што е важно само да се проживее уште еден ден во општествениот синџир на исхрана… − стои во најавата за претставата.