Во рамките на драмската програма на „Охридско лето“, на сцената „Долни Сарај“ вечер (17 август) во 21 часот ќе биде изведена претставата „Војна и мир“ од Лев Николаевич Толстој, во режија на Борис Лијешевиќ.
Во претставата, која е во продукција на Народниот театар од Белград, Србија, настапуваат: Миодраг Кривокапиќ, Ненад Маричиќ, Данило Лончаревиќ, Теодора Драгиќевиќ, Златија Ивановиќ, Немања Стаматовиќ и други. Сценограф е Јања Ваљаревиќ, а костимите се на Бојана Никитовиќ.