На 52. издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“ утревечер (11 мај) во 20:00 часот репризно ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди. Диригент е Иван Еминовиќ, а режијата е на Иван Поповски.
Сценографијата ја изработи Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата е на Саша Евтимова. Настапуваат: Филипе Рохас (Чиле), Ристе Велков, Криста де Силва (Канада), Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски, Дејан Стоев. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.