Националниот џез-оркестар вечер во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет.
Со овој концерт, како што соопшти Националниот џез-оркестар, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез-автори од повеќе генерации, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.
За месеците што следуваат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез-музиката, но вклучува и изведби на џез-класици од домашната, регионалната и од светската џез-сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња.