„Скутина, фута, бовча, диљка“ е насловот на мултимедијалната изложба на етнокореологот Бојан Петковски, која беше отворена вчера во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Според авторот, скутината е дел од традиционалната облека која е позната под различна локални имиња: фута, бовча, скутача и слично. На изложбата, преку фотографии и паноа на кои се прикажани примери за носење скутини, публиката може да го забележи едукативниот карактер на проектот и да ја осознае вредноста на скутините.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.