Повик на УНЕСКО за проекти во рамките на програмата Ашберг (Aschberg) за уметници и културни работници

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за повикот на УНЕСКО за проекти во рамките на програмата Ашберг (Aschberg) за уметници и културни работници за поддршка на иницијативи со цел заштита и унапредување на статусот на уметниците и културните работници.

Повикот се состои од два дела, од кои еден се однесува на државните органи и на јавните установи, а другиот на организации од граѓанскиот сектор. Информативни сесии во врска со повикот ќе се одржат на англиски и на француски јазик на следниве датуми:

На англиски јазик: понеделник, 30 јануари 2023, 14:00 – 15:30 ч. CET

Линк за платформата Зум: https://unesco-org.zoom.us/j/88622767344

ID на состанокот: 886 2276 7344; Лозинка: 137854

На француски јазик: вторник, 31 јануари 2023 година, 14:00 – 15:30 ч. CET

Линк за платформата Зум: https://unesco-org.zoom.us/j/88522046717

ID на состанокот: 885 2204 6717; Лозинка: 432738

Повикот, критериумите и начините на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниов линк: https://en.unesco.org/creativity/calls/call-projects-unesco-aschberg-programme-artists-cultural, со забелешка дека рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 28 февруари 2023 година.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе