Оркестарот на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе го одржи концертот со наслов „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта.
Како што информираат од Филхармонијата, диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А. Крепин, В. Пихл, Ф. А. Хофмајстер, В. А. Моцарт, Џ. Росини, Х. Виењавски, Д. Мијо, Е. Лало и С. Прокофјев.