Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска ќе престојуваат во работна посета на Битола, при што во 12:30 часот ќе го посетат новоотворениот инфоцентар „Еразмус+“ и ќе остварат средба со студентите заинтересирани за европските образовни програми.
Изјави за медиуми се предвидени пред инфоцентарот „Еразмус+“ во 13:15 часот.