„Накитот од заштита до статус“ е темата на VII меѓународен симпозиум по археологија што се одржува од 2 до 5 ноември во хотелот „Сириус“ во Струмица.
На Симпозиумот, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, освен домашните учесници, свои излагања ќе имаат и излагачи од: Полска, Италија, Србија, Хрватска и Бугарија.