„Филмска култура“ е насловот на манифестацијата што од денес до 26 август ќе се одржува во земјава. Настанот е дел од владината прослава на 30 години независност.
Проекциите и концертите ќе се одржуваат во: Центарот за култура во Тетово (20 – 22 август), Центарот за култура во Битола (20 – 22 август) и Кинотеката во Скопје (22, 25 и 26 август). Ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонската продукција.
Во рамките на манифестацијата ќе има и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“, а во секој град ќе се одржат концерти со филмска музика насловени „Филмот може да се слуша“.