Македонската група „Сетстат“, која свири современ џез, денеска (20 април) ќе одржи концерт на сцената на „Софија лајв клуб“ во Софија, Бугарија.
Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани ќе ги свират за првпат пред публика композициите од нивниот единаесетти албум. Албумот излегува со етикетата на „ПМГ џез“ (PMG Jazz).
Концертот е дел од фестивалот „Аларма панк-џез” на Бугарското национално радио, посветен на размената и зближувањето на џез-сцените од Бугарија и од Северна Македонија, чиј партнер е и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.