Македонската уметница Марија Павловска е добитник на меѓународната награда за уметност „Пегаз“ (Pegasus for the Arts) која ја доделува италијанската Фондација „Ефето арте“ (Effetto Arte) во Венеција. Уметнички директор на фондацијата е Сандро Сарадифалко, додека куратори се Салваторе Русо и Франческо Русо.
Наградата „Пегаз“ е признание што им се доделува на сите оние уметници кои низ годините се истакнале со нивното уметничко истражување и со стилската вредност на нивните уметнички дела. Делото на Марија Павловска е забележано и вклучено меѓу 50 избрани меѓународни современи уметници во кои треба да се инвестира.