Во изложбениот салон на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена втората самостојна изложба на роднокрајната авторка Нада Ѕмбова Донева насловена „Вера, Надеж, Љубов“.
На изложбата ќе бидат претставени дваесетина дела работени во изминатите две години преку кои Ѕмбова Донева, која е дипломиран биолог и работи како предметен наставник во основно училиште, ја манифестира сопствената креативност насочена кон ликовната уметност.
Отворањето на изложбата „Вера, Надеж, Љубов“ е дел од годишната на програма на Центарот за култура од Кочани, финансирана од Министерството за култура.