Дамар на слободата -тема на новата концертна сезона на Филхармонијата

од admin_kult

Kонцертот насловен „Зорнина“, на 6 октомври ja отвора новата концертна сезона на Филхармонијата кога за првпат во една вечер ќе се изведат три концерти за пијано од Моцарт, и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“. Како солисти ќе настапат пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд. Програмата во новата сезона носи наслов „Дамар на слободата“.

„Секоја концертна сезона има ново име, оваа ја насловивме ‘Дамар на слободата‘. Насловот произлезе од слободата што ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и од слободата во музиката, изразот, живеењето“, вели  директорката на Филхармонијата, Тина Иванова.

До крајот на сезоната 2022/23 година, публиката ќе има можност да проследи повеќе интересни концерти со солисти и диригенти и да ја чуе внимателно избраната програма. До крајот на годината со оркестарот на Филхармонијата ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев и Виктор Митревски. Меѓу солистите се повеќе македонски репродуктивни уметници – виолнистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски и др.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе