Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“, во режија на Драгана Таневска, вечер (3 март), со почеток во 20 часот, ќе гостува во Народниот театар „Антон Панов“ –Струмица.
– Комедијата е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој на интригата и моралот, вистината и лагата. Во неа, конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични. Поради големата гледаност и заинтересираност на публиката, ова ќе биде деветта реприза на претставата, која премиерно беше изведена на Фестивалот „Денови на комедија“– 2022 година, соопштија од НУ ЦК „Трајко Прокопиев“.
Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Анастасија Величковиќ, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски. Со оваа претстава, Кумановскиот театар веќе настапи во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка на Фестивалот „Јоаким Осоговски“ и во Неготино. Претставата ја доби и наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“ – 2022 година.