Виртуелен состанок за европската дигитална платформа „European Collaborative Cloud for Cultural Heritage“

од admin_kult

Ве известуваме дека на 15 март 2023 година, од 10:00 до 12:30 часот, во организација на Европската комисија, ќе се одржи виртуелен состанок посветен на новата и единствена дигитална инфраструктурна платформа „European Colaborative Cloud for Cultural Heritage“. Преку користење врвни дигитални алатки, платформата, пред сѐ, ќе има цел да ја поддржи и да ја зацврсти трансдисциплинарната соработка меѓу професионалците од областа на културното наследство во Европа. Истовремено, дигиталната инфраструктура на оваа платформа ќе претставува можност за соработка и заедничко создавање на културните, креативните и технолошките сектори во насока на заштита на европското културно наследство и воспоставување вредности од кои ќе имаат придобивка сите граѓани.

Поканата за учество на виртуелниот состанок е упатена до сите професионалци од областа на културното наследство кои сакаат да го дадат својот придонес во овие процеси.

Повеќе информации за состанокот и за начинот на пријавување може да најдете на следниов линк:

https://research-innovation-community.ec.europa.eu/events/13RqOjrNgOrkH49gjMVavN/overview

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе