-Креативна, инклузивна и уметничка извонредна како и прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, создаде иновативната екипа на претставата „Улаф сте?“, во Центарот за култура – Битола.
Оваа претстава ги прикажува борбите во општеството на младите луѓе и фрла светлина на предизвиците со кои се соочува заедницата со оштетен слух. Актерите бестрашно ги раскажуваат социјалните неправди што се однесуваат на оваа ранлива заедница – изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по премиерата.
-Факт е дека овие лица насекаде се соочуваат со проблемот од неможноста да комуницираат со останатите, не само кај нас туку и во целиот свет. Тие немаат ниту богат културен живот од причини што нема многу настани кои се изведуваат на нивниот знаковен јазик, а на кои можат да присуствуваат и во кои можат да уживаат. Заеднички мораме посветено да се вложиме во исполнување на потребите на лицата од оваа ранлива категорија како и во нивното интегрирање во сите општествени пори на нашето живеење. Наша обврска и потреба е активно да придонесеме во унапредување на нивната положба преку спроведување на повеќе мерки кои се примерни за едно цивилизирано општество, рече министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска.
Претставата „Улаф сте?“ е прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.
Режисер на претставата е Јован Ристовски, Костимограф е Марта Дојчиновска, сценограф Стефан Малбашиќ, драматург Билјана Крајчевска / Весна Куслеска,толкувач на знаковен јазик Катерина Шаркоска, асс. Елизабета Георгиева. Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов.
Во претставата играат Наталија Ристеска Кристијан Танчевски Марија Стефановска Маја Андоновска Илијевски Сандра Грибовска Никола Пројчевски Дизајн на плакат Димитар Ристовски.