Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје.
Работната група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот си постави задача да бидат преземени чекори од двете страни за изготвување сеопфатна програма за соработка во овие области.
Другите работни групи се однесуваат на интензивирање на соработката во: економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството, како и во: транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, европските интеграции и зелените политики.