Костадиновска-Стојчевска: Поддршката што им ја даваме на општините за развој на културата носи и економска корист

од admin_kult

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната промоција на Програмата за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, заедно со градоначалниците на општините, нагласи дека културата сè повеќе се осознава и како индустрија која на локалната заедница може да ѝ донесе голема економска корист.

„Осознавањето и ползувањето на таа димензија на културата е неисцрпна можност и за нас. Во овој свет на глобализација, кој неминовно ја опфаќа и културата, локалниот културен идентитет мора досетливо да се избори за својата видливост. Заедно да му помогнеме во тоа“, нагласи министерката за култура и на градоначалниците што беа присутни на потпишувањето на договорите им посака успешна и ефикасна реализација на проектите од културата.

Таа укажа дека Владата и Министерството за култура праќаат јасна порака дека знаат и ги препознаваат потребите на локалната култура и затоа даваат конкретна финансика помош, со која заеднички придонесуваме за квалитетот на локалниот развој и имплементацијата на културните политики еднакво во целата држава.

„Годинава буџетот за оваа намена го зголемивме за 10 милиони денари и нашата намера е секоја година поддршката за општините да се зголемува“, нагласи министерката Костадиновска-Стојчевска.

Комисијата одлучи оваа година да бидат поддржани проектите за: изградба и адаптација на објектот „Парк“ во мултифункционален креативен центар во Општина Битола; реконструкција со адаптација на Домот на културата во Општина Дојран; реконструкција на Градскиот музеј (фаза архитектура и машинство) во Општина Демир Капија, а во општините Маврово и Ростуше и Делчево продолжуваат започнатите проекти за реконструкција на мултифункционалниот центар „Дичо Зографски“ во с. Тресонче и за реконструкција на Спомен-домот АСНОМ (надворешна столарија и фасада). Во Општина Чашка се издвоени средства за изградбата на Домот на културата.

Во Општина Кривогаштани се обезбедени средства за изградба на ограден sид и партерно уредување на библиотеката и музејот, Општина Богданци ќе изработува основен проект и техничка документација за летна сцена – урбана опрема, во Општина Велес ќе бидат поставени фотонапонски панели на покривот на Библиотеката „Гоце Делчев“, во Општина Крушево се обезбедни средства за опрема за осветлување на сцената, додека во Општина Чучер Сандево се одобрени средства за  ЈУО „Партизански дом“ – Сандево.

ВИДЕО

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе