Во февруари бесплатна посета на спомен-куќата на херојот Христијан Тодоровски-Карпош

од admin_kult

– Националната установа Музеј Куманово, во чест на 80-годишнината од смртта на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош, ги отвора вратите за посета на спомен-куќата посветена на кумановскиот херој – соопштија од Музејот.

Во февруари посетата на спомен-куќата ќе биде бесплатна и со обезбеден водич од Установата.

– На 7 февруари годинава одбележуваме 80 години од смртта на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош. Во рамките на овој јубилеј, го посветуваме месецот февруари на овој истакнат борец, револуционер и народен херој. Куќата музеј на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош, по тој повод, ги отвора вратите за сите граѓани, кои во актуелниот месец ќе можат бесплатно да ја посетат постојаната историска поставка. Постојаната поставка во куќата музеј може да ја посетат сите, ученици, професори, граѓани, од понеделник до петок, од 10 до 14 часот, со претходна најава во Музејот, кој ќе обезбеди кустос – информира директорката на Музејот, Марија Миљуш Божурска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе