Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, со наслов „Љубов, страст – фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко-изведувачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, Де Фаља и Гинастера.
Како што информираат од Филхармонијата, оваа година традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветувaaт на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо фламенко.