Концерт на Националниот џез-оркестар со Џон Илија Апелгрен

од admin_kult

Националниот џез-оркестар утревечер (14 февруари) со почеток од 20:00 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт на кој џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен ќе изведе дел од најпознатите хитови на Френк Синатра.

Како што информираат од Националниот џез-оркестар, концертот е по повод 14 февруари: „датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум се одбележи со еден посебен настан“.

На програмата ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав. На сцената, Апелгрен ќе биде придружуван од страна на членовите на Националниот џез-оркестар.

Џон Илија Апелгрен е македонски џез-вокалист. „Честопати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златните денови од ерата на биг бендовите. Апелгрен зад себе има 39-годишно искуство на македонската музичка сцена, од кои 35-годишно искуство како џез-изведувач кој настапувал со биг бендот на МРТ, со биг бендот на ЗЏМ и со Македонската фихармонија, како и со голем број помали формациски состави. Во текот на неговата музичка кариера има снимено повеќе од 150 џез-стандарди“, информираат од Националниот џез-оркестар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе