„Со љубов за Тоше“ е насловен настанот што ќе се одржи на 5 октомври во 19:00 часот на платото пред Спомен-куќата посветена на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески во Крушево.
Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. На концертот ќе настапат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.
Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски, и на Бендот на Тоше.