Во Филхармонијата вечер ќе биде одржан концертот „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со Оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електроакустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој истовремено ќе застане и зад пултот со Оркестарот на филхармоничарите.
„Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.