Овој четврток во Филхармонијата на концертот „Татковина“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапи еден од најпосветените музички уметници кај нас, виолинистот Бојан Илкоски.
На програмата ќе бидат изведени Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Николо Паганини (1782 – 1840), исклучително виртуозно дело кое не ги рефлектира само техничките способности на оној што го изведува туку овде се јасно забележливи и квалитетите на композиторот, и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп. 120 од германскиот композитор Роберт Шуман (1810 – 1856) опишана како негова најмаестрална композиција.